Трамп од Рашмор со пораки на раскол и повик за културна војна против неистомислениците
Во обид да ја заживее кампањата за реизбор американскиот претседател Донад Трамп синоќа во говор пред толпа од повеќе илјади лица на планината Рашмор, се обрати до својата најтврдокорна гласачка база со критики против наводниот „екстремно лев фашизам“ кој сакал да ги „збрише“ вредностите и историјата на нацијата.
Од најнова анкета на Унверзитет Монмаут се дознава дека сигурниот демократски кандидат, Џо Бајден, поранешен потпретседател, е во водство од 12 проценти пред Трамп.
И додека коронавирусот беснее низ САД и кампањата на Трамп бара начин да се истакне пред гласачите, претседателот синоќа исфрли бараж од гневни повици за културна војна против плашилата на левицата кои „создаваат хаос и уништување и ја носат земјата во тоталитаризам“.
-Сведоци сме на бесмилосна кампања да се збрише нашата историја, посрамотат нашите херои, избришат нашите вредности и индоктринираат децата, истакна Трамп во својот говор.
Додаде дека „гневни толпи се обидуваат да ги урнат нашите статуи и основачи, да ги обезличат нашите најсвети спомени и да почнат бран на насилен криминал во градовите“.
-Нема да бидеме тиранизирани, понижени и заплашени од лошите и зли луѓе, изјави тој, алудирајќи на своите политички опоненти.
Иако протестите во САД, што почнаа при крајот на мај со убиството на Афроамерканецот Џорџ Флојд, главно се мирни, со неколку уривања на споменици што асоцираа на колонијализмот и робовладететсвото, земјата сега е ставена пред многу поголем предизвик од нов бран на ширење на коронавирусот.
Трамп во својот говор воопшто не ја спомена здравствената криза и пандемијата.
САД се први на глобално ниво со рекорден број на инфекции, и со речиси 130.000 починати од почетокот на пандемијата во март.
Демократите, кои се опозиција, и здравствени официјални лица повикаа Американците да ги откажат или минимизираат своте планови за славење на 4 јули годинава.
Трамп од своја страна вети „грандиозен“ дочек на Денот на независоста во Вашингтон, со 10,000 огномети и надлетувања на воени авиони над националната алеја.
Огномет синоќа имаше и на планината Рашмор, во заднина на познатиот гигантски барељеф со портретите на претседателите Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн, изрезбан во гранитните карпи на оваа планина.
Американските медиуми пренесуваат како контраверзното празнување, организирано против волјата на локалните домордни индијански племиња кои протестираа за време на посетата на Трамп, наликувало на реалити шоу со надлетување на борбени авиони над помпезно изградена сцена и придружено со воена музика.
Врв на шоуото било ниското надлетување на претседателскиот авион „Ер форс уан“ над планината Рашмор пред Трамп да слета на локалниот аеродром.
На бината потоа се појавиле претседателот со правата леди Меланија Трамп, како и советникот за национална безбедност, Рајан О’Брајан и Марк Медоус, шеф на кабинетот.
Никој од нив не носел маски. Мнозинство од присутните исто така не носеле маски и не држеле физичка дстанца.
Додека Белата куќа денеска го слави празникот, најмалку пет сојузни држави – Арканзас, Алабама, Аљаска, Канзас, Јужна и Северна Каролина – се соочуват со изблик на нови инфекции, додека во неколку метрополи како Хјустон, Далас и Лос Анџелес болничките капацитети се преполнети од прием на нови пациенти.
Коментатори за Њујорк тајмс укажуваат дека ниту еден претседател досега од вакво место каде се истакнати американските вредности, не ширел пораки на раскол, туку на зближување и обединување на народот.
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас