Трамп: Не кажав ништо тенденциозно во разговорот со Зеленски
Американскиот претседател Донад Трамп денеска изјави дека не кажал ништо тенденциозно во телефонскиот разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откако повеќе медиуми објавија исказ од анонимен информатор од Белата куќа, дека Трамп барал од Зеленски да спроведе истрага за синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден.
Трамп на новинарите им објасни дека годинава на 25 јули имал „прекрасен“ разговор со Зеленски, и дека претседателот не е против барањето на демократите, личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, да сведочи во Конгресот.
Според американските медиуми, за време на разговорот Трамп околу осум пати му повторил на Зеленски да започне истрага за синот на Бајден. Свиркачот од Белата куќа укажал дека Трамп го убедувал украинскиот претседател да соработиа со Џулијани за прашања околу истрагата, која би можела да наштети на кампањата на Бајден.
Поранешниот потпретседател засега е прв во прелиминарната трка за номинација на претседателски кандидат од Демократската партија, кој ќе му се спротивстави на Трамп на изборите идната години.
Трамп и Џулијани од поодамна повикуват на истрага за бизнисите на Хантер, помладиот син на Бајден, откако некои новинарски извештаи укажаа дека една украинска енергетска компанија се обидувала да влијае на односите помеѓу САД и Украина откако синот на Бајден добил висока позиција во таа компанија.
Демократитете се загрижени и го осудуваат начинот на кој Трамп „со помош на странски лидер“ сака да му наштети на Бајден.
Бајден на ова одговори дека „спремноста на претседтаелот Трамп да ги слоупотреби своите надлежности и да ја понижи земјата нема граници“. Тој го повика Трамп да објави стенограм од разговорот со Зеленски за „Американците да дадат независна оценка“.
Во коментар за можното објавувње на стенограми, државниот секретар Мајк Помпео изјави дека се работи за „доверливи разговори на светски лидери, и би било неумесно (нивното објавување), освен ако околностите се вонредни“.
Од канцеларијата на Генералниот инспектор на разузнавачката заедница на САД го оценија извештајот на информаторот кој бил предаден на 12 август како „сериозен“ и „вонреден“ проблем кој во нормална ситуација треба да биде предаден на Конгресот.
За Трамп пак, објавате е „уште една политичка дубара“.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање