Свет
8. February 2017 - 10:31

Трамп: Не го познавам Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека не го познава рускиот претседател Владимир Путин и дека во Русија нема никакви бизниси.

– Не го познавам Путин, немам бизниси во Русија, а оние кои ме мразат полудеа. Обама може да склучува договор со Иран, број еден по терор, и тоа не е проблем, напиша Трамп на Твитер.

Трамп и Путин неодамна разговараа по телефон за развивање на добри односи меѓу двете држави како и за најважните меѓународни проблеми.