Свет
2. December 2020 - 8:54

Трамп на прием во Белата куќа најави можна кандидатура во 2024 година

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави можна нова кандидатура за 2024 година.

– Поминаа неверојатни четири години. Се обидуваме да бидат уште четири години. Во спротивно, се гледаме за четири години, рече Трамп пред гостите на празничниот прием во Белата куќа.

Снимка од обраќањето на Трамп на социјалните мрежи ја објави еден од гостите.

На видеото се гледаат десетици луѓе собрани во холот на Белата куќа. Многу од нив не носат заштитни маски, со што се кршат упатствата на американската Влада издадени поради епидемијата на Ковид-19.