Свет
2. May 2018 - 8:28

Трамп: Местото и времето за состанокот со Ким до крајот на неделата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека до крајот на неделата може да биде обелоденето точното време и местото на неговиот состанок со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун.

– Мислам дека тоа веројатно ќе биде објавено во следните пет дена, изјави Трамп.

Во врска со предлогот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин  дека Трамп треба да добие Нобелова награда за мир, претседателот на САД рече: „Мислам дека претседателот Мун е многу фин кога тоа го предложи. Сакам да се постигне мир. Главната работа е дека сакаме мир“.