Трамп ќе го одржи својот прв предизборен митинг по обидот за атентат
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе го одржи својот прв предизборен митинг откако пред една недела за малку ќе го загубеше животот во обид за атентат, објавија британските медиуми.
Трамп се врати на сцената неколку дена откако републиканската национална конвенција, одржана во Милвоки, Висконсин, ја одобри неговата кандидатура за претседател.Трамп ќе се појави во градот Гранд Рапидс, во спорната држава Мичиген, заедно со неговиот нов кандидат за потпретседател, сенаторот од државата Охајо, Џеј-Ди Венс. Ова ќе биде нивна прва заедничка изборна кампања како сега официјален републикански избор за претседателски тандем.
Сè уште не е јасно каков тип на говор ќе одржи денеска поранешниот претседател, но неговите верни поддржувачи обично се собираат на такви настани за да ја слушнат потрадиционалната потпалувачка реторика на Трамп.
Трамп и Венс ќе излезат на сцената во Гранд Рапидс со обединета Републиканска партија зад нив, откако Националната конвенција се состана претходно оваа недела. Спротивно на тоа, демократите се во превирања и веќе не е сигурно дали претседателот Џо Бајден ќе биде избран за официјален демократски кандидат за соочување со Трамп на претседателските избори на 5 ноември.
Ново на Сител
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин