Трамп ќе ги прогласи Русија и Кина за ривали на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска би требало да ја претстави новата национална безбедносна стратегија, во која се очекува да ги прогласи Русија и Кина за држави-ривали на САД.
Во објавените извадоци од предложената стратегија пишува дека Русија и Кина се ангажираат да ја направат економијата помалку слободна, ги јакнат своите вооружени сили и капацитетите за контрола на текот на информациите, за да вршат репресија врз своите граѓани.
Двете држави ќе бидат означени и како „ревизионистички сили“ кои работат на поткопување на американската безбедност и просперитет.
Стратегијата, првпат по подолго време, нема да ги вброи климатските промени како безбедносна закана. Трамп презема мерки за да ги запре активностите започнати од страна на неговиот претходник Барак Обама за ограничувањето на климатските промени.
Во новата стратегија ќе биде предвидено дека САД ќе работат на обезбедување на својата енергетска сигурност и економскиот развој, со заштита на животната средина.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи