Трамп и Ердоган телефонски разговараа за борбата против тероризмот
Американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган во првиот телефонски разговор разговараа за заедничкиот ангажман во борбата против тероризмот во сите негови форми, соопшти Белата куќа.
Трамп нагласил дека САД ја поддржуваат Турција како стратешки партнер и сојузник на НАТО. Претседателот на САД ја поздравил улогата на Турција во борбата против Исламска држава.
Претходно и канцеларијата на Ердоган соопшти за телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, но не посочи детали за неговата содржина.
Весникот „Дејли сабах“ нагласи дека разговорот траел 45 минути и минал во позитивна атмосфера.
За време на владеењето на Барак Обама односите меѓу Турција и САД беа затегнати, а Анкара изрази разочарување од одбивањето на САД да го екстрадира муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого турските власти го обвинуваат дека стои зад обидот за пуч на 15 јули минатата година.
Освен тоа Турција беше гневна и од фактот дека САД ги поддржуваат сириските курдски милиции, кои се борат против ИД.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација