Свет
1. February 2017 - 9:17

Трамп го предложи судијата Нил Горсач за испразнетото место во Врховниот суд

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи судијата Нил Горсач за испразнетото девето место во Врховниот суд на САД, зголемувајќи го влијанието на конзервативизмот во институцијата, која се произнесува за најважните прашања во американското општество, пренесува БТА.

- Судијата Горсач поседува исклучителни правни квалитети, брилијантен ум и неверојатна дисциплина, рече Трамп. 

Тој посочи дека судијата Горсач има несомнени квалификации и додаде дека судијата ја имал поддршката и на двете партии на претходните назначувања.

- Сакам да изразам благодарност кон моето семејство, пријателите и верата, рече 49-годишниот Горсач, кој моментално е судија во федералниот Апелациски суд во Денвер, во сојузната држава Колорадо.

Тој истакна дека се чувствува почестен од ваквата можност и оти е мошне смирен. 

Судиите во Врховниот суд се назначуваат доживотно. Тие се предлагаат од претседателот, а потоа се утврдуваат од Сенатот. По смртта на судијата Антонин Скалија во февруари минатата година Врховниот суд работи во осумчлен состав.