Трамп ги нарече Венс и Рубио „тимот од соништата“ за Белата куќа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио би биле „тимот од соништата“ за Белата куќа, но не откри кого би го поддржал како свој можен наследник за претседателските избори во 2028 година.
Трамп имаше свое обраќање пред гостите на свечената вечера во градината на Белата куќа, при што ги повика присутните со аплауз да покажат кого повеќе би го поддржале – Венс или Рубио.
„Кој ќе биде? Дали ќе биде Џеј Ди? Или ќе биде некој друг? Не знам“, рече Трамп, по што додаде дека тоа звучи како добар тандем, како што рече „Совршен тандем.“
Тој оцени дека Венс и Рубио би биле „тим од соништата“, но нагласи дека тоа „не значи поддршка под какви било околности“.
Во своето обраќање Трамп ги спомена и можните демократски кандидати, меѓу кои поранешната потпретседателка Камала Харис и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.
Според американскиот Устав, Трамп не може да се кандидира за трет претседателски мандат, иако во повеќе наврати сугерираше таква можност.
Камала Харис неодамна повторно изјави дека сериозно размислува за кандидатура на изборите во 2028 година, откако во 2024 година загуби од Трамп. Во Демократската партија засега нема јасен фаворит за следниот претседателски кандидат.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
