Трамп: Договорот за продажба на оружје на Тајван е многу добра преговарачка алатка со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата претстојна одлука за понатамошната продажба на оружје на Тајван е ефикасно средство за притисок врз Пекинг, јавува ДПА.
Трамп рече дека засега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух, иако тој е веќе одобрен од американскиот Конгрес, пренесе германската агенција.
„Зависи од Кина“, изјави Трамп за радиодифузерот „Фокс Њуз“. „Искрено, тоа е многу добра преговарачка алатка за нас. Тоа е многу оружје“, рече тој.
Трамп претходно,во авион на враќање од Пекинг за САД, изјави дека одлуката ќе ја донесе во блиска иднина. Тој, додаде, дека за ова прашање прво мора да разговара со Тајван.
Американскиот Конгрес однапред го одобри најновиот договор за оружје со Тајван во јануари 2025 година.
Кина ги отфрла таквите продажби на оружје затоа што Тајван го смета за свој неделив дел, иако оваа островска република има независна и демократска влада, појасни ДПА.
Тајван никогаш не бил дел од комунистичка Народна Република основана во 1949 година. Меѓутоа, Кина сака да го присвои Тајван, а Пекинг веќе се закани дека ќе употреби и воена сила доколку тоа не се случи со мирни средства.
САД долго време ги поддржуваат напорите на Тајван за модернизација на своите вооружени сили и зајакнување на своите одбранбени капацитети, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
