Трамп: Добри односи со Путин, го навредуваат обвинувањата за изборите
Претседателот на САД, Доналд Трамп по пристигнувањето во главниот град на Виетнам, Ханој денеска, изјави дека има добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, за која рече дека „е навреден поради обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД".
Трамп оцени дека многу животи ќе бидат спасени со договорот што утринава го постигна со Путин во врска со Сирија, за време на кусата средба на маргините на вториот ден од самитот на Азиско- пацифичката економска соработка (АПЕК) во Виетнам.
-Брзо се договоривме. Тоа ќе спаси голем број на животи, изјави Трамп.
Во заедничкото соопштение двајцата претседатели, Трамп и Путин, ја потврдија нивната решеност да се борат со Исламската држава со цел да се постигне конечна победа над неа, како и да се почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари