Свет
17. February 2020 - 8:47

Трамп до Русија: Престанете да ги поддржувате ѕверствата на Асад во Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Русија да запре со поддршката на „ѕверствата” на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, пренесе Белата куќа, цитирана од француските медиуми.

Трамп во телефонски разговор со својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган ја изрази загриженоста од насилството во северозападната сириска провинција Идлиб и ја повика Русија да престане да ги поддржува ѕверствата на режимот на Асад, информира Белата куќа.

Војската на сирискиот режим, поддржана од руската авијација, во последните денови ги засили нападите врз Идлиб, каде се наоѓа последниот бастион на бунтовниците, потсетуваат француските медиуми.

Согласно Договорот за деескалација, склучен меѓу Москва и Анкара во 2019 година, Турција има 12 набљудувачки пунктови во провинцијата Идлиб, потсетуваат агенциите. Но, тензиите меѓу Русија и Турција се засилија по смртта на 14 турски војници, кои беа жртви на нападите на сирискиот режим во овој регион.

Денеска во Москва се очекува да пристигне турска делегација