Свет
28. November 2018 - 11:07

Трамп: Би можел да го откажам состанокот со Путин во Аргентина

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да го откаже состанокот со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Аргентина, поради инцидентот во Керченскиот Теснец.

Трамп за „Вашингтон Пост“ рече дека очекува „целосен извештај“ од својот тим за национална безбедност во врска со руската заплена на три бродови на украинската морнарица и апсењето на нивните екипажи.

Американскиот претседател рече дека тоа ќе ја одреди неговата одлука.

– Можеби нема да го имам тој состанок. Не ми се допаѓа таа агресија, воопшто не ја сакам, рече тој.

Трамп треба да се сретне со Путин на маргините на самитот на Г20 во Буенос Ајрес, кој ќе се одржи во петок и сабота.