Трамп бесен на Макрон: Францускиот претседател порача дека европската војска ќе го штити континентот од Русија, Кина, но и од Америка
Американскиот претседател Доналд Трамп го оквалификува како „многу навредлив“ предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон дека Европа треба да гради своја армија за да се заштити од САД, Кина и Русија.
– Тоа е многу навредливо, но можеби Европа треба прво да го плати својот праведен дел во НАТО во кој САД во голема мерка го субвенционира, напиша Трамп на Твитер по доаѓањето во Франција каде треба да се состане со францускиот колега за време на одбележување 100-годишнина од завршувањето на Првата светска војна.
Макрон во вторникот изјави дека на Европа и е потребна „вистинска армија“ за да може помалку да биде зависна од САД кога станува збор за одбраната.
– Мора да се заштитиме од Кина, Русија и дури и од САД, изјави Макрон за француски медиуми
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација