Македонија
21. November 2017 - 12:11

Трајковски: Делчево една од најзадолжените општини

Делчево е една од најзадолжените општини во државава и една од 20-те кои функционираат со блокирани сметка. Стариот долг е 240 милиони денари, но секојдневно стигнуваат нови обврски кои го отежнуваат работењето, истакна градоначалникот Горан Трајковски. 

- Делчево должи и на 35 семејства кои добиле новороденчиња или вкупно должи 116 илјади денари за исплата по решенија. Им ги должи и стипендиите на учениците и студентите за четири месеци од минатата учебна година или вкупно има за исплата 100 илјади денари. Не се исплатени и 14 советнички паушали на старите советнци или 2.606.800 илјади денари. Новиот долг само по овие основи пораснал за над 2, 8 милиони денари, рече градоначалникот Трајковски. Додаде дека се уште не е подмирена и обврската кон Фудбалскиот куб, а средствата не се исплатени од јули годинава.

Тој информира дека во Делчево деновиве интензивно се работи на доизградба на три улици во градот. Се работи за проект кој, како што рече, беше почнат од претходната локална власт, но и тој веќе запиша нов долг од уште 1 милион денари за дореализација. 

- Градоначалникот треба овие обврски да ги исплаќа на време, да менаџира со парите и се што е приоритетно и да го сервисира, рече Трајковски, кој истакна дека се бараат начини како да се одблокира општинската сметка.

Трајковски потенцира дека општинската каса ја затекнал празна и најави оти има планови како да се реши проблемот со неликвидноста на општина Делчево.

- Имам одржано почетни преговори за начинот на кој ќе ја одблокирам сметката, а тоа и ќе го направам. Граѓаните треба да знаат дека паралелно со одблокирањето на сметката ќе се прават и инфарструктурни