Македонија
24. April 2020 - 18:03

Трагична сообраќајка во струмичко, починати две млади лица

Двајца струмичани загинаа денеска околу пладне во трагична сообраќајна несреќа.

Според првичните неофицијални информации, сообраќајната несреќа се случила во во 13,20 часот, на автопатот А1 во правец од с.Смоквица кон Гевгелија, кај с.Мрзенци, помеѓу два мотори.

Во несреќата животот го изгубија Ј.Ј (22) од с.Добрејци, Струмичко и А.Ѓ(35) од с.Робово, Струмичко.

Увид на лице место извршија увидна екипа од ОВР- Гевгелија и јавен обвинител.

По Наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Инстиутот за судска медицина Скопје.