Живот
20. јуни 2019 - 19:57

Трагична смрт на познатиот француски музичар

Познатиот француски музичар и продуцент, Филипе „Здар“ Карбонески, член на денс-дуото Касијус, трагично загинал вчера откако паднал од прозорец од зграда во Париз. Тажната вест денеска ја потврдил неговиот менаџер, Себастијан Фаран, без да открие повеќе детали за несреќата.

Карбонески загинал во раните 50-ти години од неговиот живот, а во својата продуцентска кариера соработувал со голем број на светски музички ѕвезди како Џеј Зи, Бисти Бојс, Франц Фердинанд и уште многу други.

Полицијата се уште не соопштила никакви детали за трагичниот настан, само информирале дека ја истражуваат несреќата и сите околности под кои се случила.