Балкан
12. March 2017 - 17:37

Трагичен крај на потрагата: Малечкиот Коки (10) пронајден на 7 километри од куќата

Центарот за јавна безбедност Бијељина потврди дека го пронашла телото на детето на локалитетот Курјача на Мајевица и во тек е идентифијата.

Детето беше пријавено за исчезнато на 7 март и до денеска не беа пронајдени никакви траги од него и покрај тоа што во потрагата по него беа вклучени секојдневно од 200 до 300 луѓе и современа техника

Теренот секојдневно го пребаруваат припадници на Центарот за јавна безбедност на Бијељина и цивилната заштита, вооружените сили на БиХ, како и искусни членови на спасувачки и горски екипи, ловци и мештани.

За жал, потрагата заврши со трагичен исход. Неофицијално телото на детето е пронајдено на 7 километри од семејната куќа.