Македонија
16. January 2017 - 13:03

Трагедија: Жена се задушила во својот дом во Прибилци

Шеесет и шестгодишната В.Н.(66) синоќа била пронајдена почината во демирхисарското село Прибилци, соопшти МВР.

Причина за смртта најверојатно е труење со јаглен моноксид. Увид на местото на настанот  извршила екипа од СВР Битола, а телото на почината ќе биде предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.