Македонија
14. April 2017 - 18:10

ТРАГЕДИЈА: Загина млад македонски фудбалер

Филип Лазаревски, младинскиот репрезентативец на Македонија (У-15) и член на Академија Пандев го загуби животот во сообраќајна несреќа, пишува Македонски спорт.

Сообраќајна несреќа која што се случила ноќеска ја завеа Струмица во црно, во неа загина младиот фудбалер на Акадамеија Пандев Филип Лазаревски. Уште едно лице заедно со Лазаревски се возеле на мотор по што дошло до трагедија. Инаку Лазаревски важеше за еден од најперспективните фудбалери на Академија Пандев.