Македонија
30. December 2016 - 12:26

Трагедија во Здуње: Жена пронајдена мртва во својот дом

Вчера околу 14.20 часот во с.Здуње, гостиварско, на подот од дневната соба во куќата, пронајдена е почината Џ.Р. (68).
 
Од страна на лекар констатирана е смрт без видливи траги на насилство.
 
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Гостивар.
 
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.