Македонија
25. July 2017 - 16:24

Трагедија во Велес: Градежен работник почина при пад од скеле

Утрово градежен работник од Велес паднал од скеле при изведување градежни работи и починал од здобиените повреди. 

Според информацијата од СВР Велес, околу 9 часот 69-годишниот Д.М. од Велес изведувал градежни работи на куќа која се наоѓа на улицата Петре Милевски бр.11 во Велес, паднал од скелето и им потклекнал на повредите.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, по овластување од Основно јавно обвинителство – Велес, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.