Македонија
19. May 2019 - 12:48

Трагедија во Струмица: Му паднала метална шипка на глава и починал

Околу 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека во селото Зубово, струмичко, додека 66-годишниот Б.К. од селото работел во нива со трактор под пластеници, една метална шипка од пластеникот се откачила и го удрила во задниот дел на главата, по што починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.