Македонија
23. March 2017 - 15:16

Трагедија во штипскиот затвор - Го нашле мртов на кревет

Трагедија вчера се случи во затворот во Штип, каде бил пронајден мртов еден од затворениците кои отслужувале казна. Како што информираат од македонската полиција, се работи за 29-годишниот Е.Ј. од Штип, кој бил пронајден во 14 часот и 15 минути мртов на креветот од затворската соба.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.