Македонија
19. July 2018 - 14:23

Трагедија во Охрид: Млад велешанец (26) пронајден мртов во куќа каде бил потстанар

Вчера во 10,45 часот било пријавено дека во Охрид во куќа на улицата „Питу Гули“ бил пронајден починат А.Д.(26) од Велес, кој живеел како потстанар.

Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.