Балкан
8. November 2019 - 11:35

Трагедија во Ниш: Дете (7) падна од 12 кат на солитер, мајката другите деца ги носела во градинка

Во Ниш утрово се случи ужасна трагедија кога едно седумгодишно дете падна од тераса од 12. кат на солитер и загина на самото место.

Како што српски Курир неофицијално дознава, несреќата се случила во Византискиот булевар утрово околу 8.30 часот.

Соседите утрово пред солитерот затекнаа ужасна и болна глетка, телото на детето покриено со ќебе, зошто увидот бил во тек.

 
Неофицијално, детето било само во станот зошто мајката отрчала да ги однесе помладите во градинка. Увидот и истрагата е во тек.