Македонија
6. November 2017 - 21:45

Трагедија во Македонија: Млада девојка пронајдена мртва во својот дом

Дваесет и шест годишната прилепчанка изутринава е пронајдена почината во својот дом. Прилепското основно јавно обвинителство побара да се изврши обдукција врз телото за да се утврдат причините за нејзината смрт, информираат од обвинителството.  

Дваесет и шест годишната прилепчанка со иницијали Е.К изутрината околу 5.50 часот била пронајдена мртва во својот дом. Семејството повикало итна медицинска помош, но екипата само можела да ја констатира смртта на младата жена. Била повикана и полицијата, а увид напрвил и обвинител од основното јавно обвинителство.

Според јавниот обвинител Ристо Шошески, за да се утврдат причините за смртта побарано е да се изврши обдукција врз телото на починатата жена.