Македонија
15. October 2015 - 21:00

Трагедија во Кавадрци - Градежен работик го загуби животот

Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, информира дека денеска околу 15 часот во хала лоцирана во просториите на Агрокомбинат ДИК „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, лице коешто работело градежни работи, паднало од кровна конструкција и починало.

- На лице место била увидна екипа од Полициската станица во Кавадарци како и надлежен инспектор за заштита при работа, информира Стојковска. сд/цр/19:27