-->
-->
Трагедија во Кавадарци - Починало бебе, наложена е обдукција
-->
Утрово во 04,45 часот од ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци во Полициска станица Кавадарци е пријавено дека кај нив е донесено починато бебе. Информацијата ја потврди портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.
- По наредба на надлежен Јавен обвинител излезено е на лице место, се работи на целосно расветлување на настанот, соопшти таа.
Од Јавното обвинителство од Велес потврдија дека наложиле обдукција.
Од кавадаречката Брза помош изјавија дека бебето не давало знаци на живот и доктор од Службата само ја констатирал смртта. Малечкото било однесено до кавадаречката општа болница од каде пријавиле во полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење