Македонија
6. November 2019 - 17:59

Трагедија во домот на сопружници од Китка: Им починало бебе старо 40 дена

Вчера околу 07.00 часот во Полициска станица Драчево, од Итна медицинска помош било пријавено дека во домот на ул.„Пат за Китка“ починало машко бебе старо околу 40 дена, од татко И.М.(32) и мајка Р.М.(23), двајцата од Скопје.

Од страна на лекар е констатирана смрт, без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе е предадено на обдукција.

Увид извршила екипа од Полициската станица Драчево.