Македонија
3. January 2018 - 20:07

ТРАГЕДИЈА: Тримесечно бебе загина во сообраќајка на патот Кичево-Македонски Брод

Тримесечно бебе загина, додека пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 17.20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски брод, меѓу селата Србјани и Староец, потврдија од МВР за МИА.

Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево.

Сообраќајот во моментот се пренасочува по алтернативни патишта.