Живот
12. September 2017 - 21:19

Трагедија: Семејство падна во кратер на вулкан, загинаа сите - мајка, татко и дете (11)

Двајца Италијани и нивниот 11-годишен син загинаа денеска откако паднаа во вулански кратер во близина на јужниот град Неапол, соопштија локалните власти.

Тие тројца заедно со уште еден член на семејство - седумгодишно дете кое преживеало - биле во обиколка на Солфатаре, една од главните атракции на популарната туристичка област Кампи Флегреи, 30 километри источно од Неапол, пренесува АФП.

-Се уште се обидуваме да утврдиме што се случиле. Тие ја скокнале безбедносната бариера и паднале во дупката, рекоа од паркот кампи Флегреи.

Италијанските медиуми соопштија дека 11-годишното дете прво паднало во кратерот, скокајќи ја бариерата, а потоа по него паднал таткото, а потоа и мајката во обид да го спасат.

Властите веруваат дека тие починале од вдишување на гасовитите испрувања. Само 7-годишниот член на семејството се спасил зошто останал зад оградата, а по инцидентот е пронајден во шок.

Кампи Флегреи е област со над 30 вулкански кратери чии можни ерупции ги загрижуваат научниците.