Балкан
16. May 2018 - 21:39

Трагедија: Се урна спортски авион кај Белград, двајца загинати

Горан Петровиќ (48) вечерва загина во пад на спортски авион кај аеродромот „13 Мај“ во Земун Поље.

Идентитетот на жената која била со него во авионот се уште не е познат.

Петровиќ бил искусен пилот со огромно искуство кој обожавал авиони летањее. Зад себе остави сопруга и две деца.

Падот на авионот е пријавен во итната помош во 19 часот. Се обиделе со реанимација, но за жал можеле само да констатираат смрт кај пилотот и неговата сопатничка

Екипата на итната помош го напушти местото на несреќата, остана само полицијата.