Македонија
24. November 2015 - 13:47

Трагедија: Пронајден исчезнатиот скопјанец

 
Исчезнатиот скопјанец по кој трагаше полицијата е пронајден мртов. Според податоците од полицијата, 44-годишниот Горан С. во 8часот и 35 минути бил пронајден мртов на месноста Бела Вода, во атарот на селот Раштани.
 
Смртта била констатирана од Итната медицинска помош, а траги од насилство врз телото на сега покојниот скопјанец нема. Покрај неговото безживотно тело бил пронајден ловен карбин со оптички нишан.
 
На телото нема да се врши обдукција. Тој бил предаден на семејството за погреб.