Македонија
5. March 2017 - 12:42

Трагедија - Пожар во светиниколско однесе еден живот

Едно лице го загуби животот во пожар кој избувнал синоќа во 20:55 часот во куќа сопственост на Т.М. (80) во светиниколското село Богословец. 

-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица-Св.Николе. При гасењето било пронајдено јагленисано тело, информира МВР.

Местото е обезбедено од страна на униформиран полициски службеник од Полициска станица-Св.Николе, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден. рп/вј/12:16