Свет
9. April 2017 - 12:18

Трагедија: Падна туристички балон, загина француски турист

Еден Французин загина, а 20 лица се повредени откако се урна туристички балон во Кападокија, јави турската новинска агенција Анадолија.

Неколку балони полетале за да туристите од воздух да ги набљудуваат местата од историско значење во Кападокија. При слетувањето еден од балоните удрил во електричен столб при што се урнал.

Повредените туристи, од кои поголемиот број Турци, хоспитализирани се во три локални болници.