Македонија
15. July 2017 - 12:23

Трагедија на Пивофест: Младо момче почина под неразјаснети околности

Вчера околу 04,15 часот во ноќен клуб во Прилеп,  му се слошило на Е.М. (1992), државјанин на Сојузна Република Германија кој престојувал во с. Дебреште.
 
Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница во Прилеп, каде била констатирана смрт.
 
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп.
 
По наредба на ЈО на телото на починатиот ќе се врши обдукција.
 
Веќе втор ден во Прилеп се одржува традиционалната манифестација Пивофест.