Македонија
26. September 2015 - 11:15

Трагедија на „Партизанска“: Почина велосипедистот кој беше прегазен од Ауди

Велосипедистот кој вчера беше прегазен на раскрсницата со булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“ им подлегнал на тешките повреди.
 
Шеесет и четири годишниот скопјанец Нинослав С. го загуби животот откако во него удрил автомобил „Ауди“ кој го управувал 20 годишниот Е.Т. од Скопје. Тој со Итна помош беше пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите.
 
Откако Е.Т. удрил во велосипедистот, со автомобилот удрил и во автобус.
 
Полицијата на местото на несреќата извршила увид. Курир дознава дека 20 годишното момче е задржано во полициска станица и од него се земени примероци од крв и урина кои се предадени на анализа.