Македонија
13. December 2016 - 14:24

Трагедија: Млада девојка пронајдена мртва во стан во Сарај

Вчера во 19.26 часот во ЕИК Скопје, И.Т. пријавил дека во с.Сарај, скопско, во стан на ул. „20“, ја пронашле почината нивната внука С.А. (24) од Тетово. Истата е пронајдена во станот од страна на нејзиниот дедо кој насилно ја отворил вратата.
 
Дедото и нејзините браќа изјавиле дека истата била душевно болно лице.
 
По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.