Џет-Сет
8. April 2016 - 10:00

Трагедиите на српската естрада се нижат: Овие ѕвезди не се повеќе со нас

 
Во краток временски период многу ѕвезди заминаа во смрт. Српската јавност и естрада се соочуваат со голема загуба. 
 
ДРАГАН НИКОЛИЌ
 
По долга битка со влошената здравствена состојба, почина легендарниот актер Драган Николиќ. Тој почина во 72-та година од животот. 
 
Великанот на српската театарска сцена долго се бореше со проблемите со дебелото црево. Тој е познат по бројни театарски претстави, филмови, а со својата сопруга, Милена се запознал во 1972 година. Таа до последниот ден не се одделуваше од него.
 
 
 
Роден е на 20 август 1943 година, а со глума се занимавал од мали нозе. Филмската кариера ја започнал во 1964-та година, со помала улога во филмот "Pravo stanje stvari". 
 
На неговиот погреб неговата жена неутешно викаше од болка. Голем број колеги, пријатели и фанови се простија со болка од него.
 
 
 
МАРИНКО МАЏГАЉ
 
Театарскиот и филмски актер, воедно и меѓу најпознатите водители на српските телевизиски канали, Маринко Маџгаљ почина по тешко боледување на 38-годишна возраст. Заедно со популарниот Огнен Амиџиќ го формираа дуото „Фламингоси“ кои пак со пејачот Луис ја претставуваа Србија во 2006 година на Евросонг.
 
 
Маџгаљ е роден во Котор во 1978 а свои дела остави во Југословенскиот драмски театар, Народниот театар, Театарот Славија и други.
 
Тој почина по долга борба со ракот на дебелото црево.
 
 
 
ЈЕЛЕНА КРСМАНОВИЌ
 
Убавата пејачка на Гранд во саботата беше брутално убиена од непознат монструм кој со 30 удари и ја смачка главата и ја фрли во канал. Нејзините најблиски вчера се простија од неа и ја испратија во вечниот дом.
 
 
Таа била брутално тепана, удирана со палка по глава, по што и бил смачкан черепот.
 
Полицијата сеуште го бара убиецот.
 
 
 
ЕКРЕМ ЈЕВРИЌ
 
Неодамна и Екрем Јевриќ кога тргнал на работа во Њујорк каде живее со семејството, во автомобилот добил силен срцев удар. Додека стигнале лекарите, Јевриќ веќе починал.
 
 
 
 
ЗОРАНА ЛОЛА НОВАКОВИЌ
 
Легендата на Југославија за која постарите генерации сигурно слушнале и уживале со нејзините песни, почина викендот на 81 година од животот.
 
 
 
 
Зорана Лола Новаковиќ е родена на 25 април 1935 година во Белград. Лола беше исклучително популарна во 60-те и 70-те години и истовремено првиот естраден уметник од Југославија кој настапувал во Русија.