Македонија
5. January 2020 - 8:44

Традиционален новогодишно-божиќен концерт на струмичките гимназијалци

Поранешни и сегашни ученици на струмичката гимназија „Јане Сандански“ заедно со хорот вечер по десетти пат ќе го одржат традиционалниот хуманитарен новогодишно-божиќен концерт насловен како „Деценија“. Концертот ќе се одржи во Центарот за култура, а на сцената треба да се појават деведесет учесници.

На програмата се два концерти во 18 и 20 часот за кои билетите се распродадени, а учесниците ќе отпеат песни од повеќе музички жанрови.

Парите од влезниците од концертите се наменети за лекување на дваесет и едно годишниот Стојче Јовановски и за набавка на музички инструменти за кабинетот по музика во Гимназијата „Јане Сандански“.