Македонија
26. јуни 2018 - 16:04

Товарно возило се преврте на патот Градско-Прилеп кај Камен Дол

Товарно возило комби се превртело  на патот Градско-Прилеп меѓу селата Камен Дол и Сирково. Заради утврдување на евентуални повреди,  возачот и совозачот биле пренесени во кавадаречката општа болница. 

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски за МИА информира дека сообраќајот се одвива по една лента.

Во тек е увидот на местото на несреќата.