Македонија
2. August 2021 - 13:09

Товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во мигрант

На пругата Гевгелија – Скопје, во близина на циглана кај Неготино, вчера товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, удрил во едно лице-мигрант.

– Во незгодата лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци, соопшти МВР.

Известен бил Јавен обвинител и извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.