Фудбал
10. April 2016 - 19:54

Тотенхем убедливо го победи Манчестер Јунајтед

 
 Фудбалерите на Тотенхем славеа убедлив триумф над Манчестер Јунајтед со 3:0 во дерби натпреварот, последен од 33.коло во англиската Премиер лига.
 
На средбата одиграна попладнево во Лондон, домаќините до победата стигнаа во завршните дваесет минути со головите на:  Дае Али (70-минута), Тоби Алдервајрелд (74) и Ерик Ламела (76). 
 
Предноста на домашниот терен ја искористи и Ливерпул кој со 4:1 го победи Стоук, а во првиот меч денеска Лестер на гости кај Сандерленд славеше победа со 2:0.
 
На натпреварите кои се одиграа вчера, беа постигнати следниве резултати: 
Вест Хем – Арсенал 3:3
Свонси – Челзи 1:0 
Саутемптон – Њукасл 3:1, 
Ватфорд – Евертон 1:1, 
Кристал Палас – Норвич 1:0,  
Астон Вила – Бурнемут 1:2 и 
Манчестер Сити – ВБА 2:1. 
 
Табела: Лестер 72 бодови, Тотенхем 65, Арсенал 59, Манчестер Сити 57, Манчестер Јунајтед 53, Вест Хем 52, Саутемптон 50, Ливерпул 48, Стоук 47....