Фудбал
21. January 2022 - 9:16

Тотенхем договори нов договор со Лорис до 2024 година

 Премиерлигашот Тотенхем се договори за продолжување на соработката со голманот Уго Лорис.

Според новинарот Фабрицио Романо, Спарс наскоро ќе објават продолжување на договорот со 35-годишниот Французин до крајот на јуни 2024 година.

Лорис е во Тотенхем од август 2012 година. Во сезоната тековната сезона, голманот одигра 22 натпревари за тимот од Лондон и прими 27 гола, а на осум средби не беше совладан.

Актуелниот договор на играчот е со важност до крајот на јуни оваа година.