Македонија
8. јуни 2018 - 15:51

Тошта оди во куќен притвор

На Александар Јаневски Тошта, кој е обвинет за обидот за убиство на Зијадин Села му се заменува мерката притвор со куќен притвор, потврдија од Кривичниот суд .

- Кривичниот совет на Основниот суд Скопје го уважи предлогот на одбраната на А.Ј. за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор и по правосолноста на решението тој ќе излезе од затворот „Шутка“, велат од судот.

Барањето да му се замени мерката притвор со куќен притвор е поради тоа што на последното судско рочиште на Јаневски му се слоши, по што беше пренесен во болница.

Јаневски е меѓу обвинетите за обидот за убиство на Зијадин Села при упадот во македонското Собрание на 27 април минатата година.