-->
-->
Тошта оди во куќен притвор
-->
На Александар Јаневски Тошта, кој е обвинет за обидот за убиство на Зијадин Села му се заменува мерката притвор со куќен притвор, потврдија од Кривичниот суд .
- Кривичниот совет на Основниот суд Скопје го уважи предлогот на одбраната на А.Ј. за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор и по правосолноста на решението тој ќе излезе од затворот „Шутка“, велат од судот.
Барањето да му се замени мерката притвор со куќен притвор е поради тоа што на последното судско рочиште на Јаневски му се слоши, по што беше пренесен во болница.
Јаневски е меѓу обвинетите за обидот за убиство на Зијадин Села при упадот во македонското Собрание на 27 април минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење