Тортијада „Слатка мистерија 2017"
Општина Гази Баба денеска ќе ја организира 11-тата тортијада „Слатка мистерија 2017" на која ќе учествуваат слаткарници и ресторани кои професионално изработуваат торти, но и заинтересирани граѓани во категоријата аматери. Првпат на тортијадата ќе учествуваат и ученици од општината кои ќе се натпреваруваат во декорација на торти.
Настанот ќе се одржи во хотел „Континентал" и ќе има ревијален дел, а потоа официјален дел во кој ќе бидат претставени натпреварувачите и ќе има лицитација на тортите и прогласување на победниците.
Во ревијалниот дел ќе учествуваат 50 аматери и професионалци од девет скопски општини, а спонзорите на своите штандови ќе нудат бесплатна дегустација на своите производи.
Тортијадата ќе биде проследена со културно-забавна програма и настап на естрадни уметници и актери. Собраните пари од продадените торти ќе бидат донирани на Центарот за деца со посебни потреби во населба Железара.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците