Фудбал
4. May 2016 - 9:36

Торес: Ние сме подготвени да се бориме со секого

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес изјави дека не му е битно кој ќе биде противник на неговиот тим во финалето на Лигата на шампионите.
 
Атлетико во полуфиналната пресметка беше поуспешен од фаворитот Баерн Минхен.
 
- Покажавме дека може да победиме било кого и поради тоа не е важно кој ќе ни биде ривал во финалето. Ние сме подготвени да се бориме со секого и да стигнеме до тронот, истакна Торес.
 
Тој синоќа не реализира пенал, но беше асистент при голот на Антоан Гризман вреден финале.
 
- Кога играш со голем тим каков што е Баерн, не може да се игра на начинот на кој сакате. Тие играат брзо, имаа контрола. Ние се боревме храбро, а преку контри ја баравме нашата шанса и успеавме, додаде Торес.
 
Атлетико ќе играат во финалето на Лигата на шампионите на 28 мај во Милано. Противник ќе му биде подобриот од вечерашната пресметката Реал Мадрид - Манчестер Сити (почеток 20:45 часот).